Како дел од континуираната соработка со СВИСС–ИМЕ програмата во областа на стратегиски развој на Охрид како туристичка дестинација, градоначалникот Јован Стојаноски имаше работна средба со представниците на СВИСС–ИМЕ програмата како и со експерт од Светскиот совет за одржлив туризам-Global Sustainable Tourism Council, Др. Михи Кан.

Светскиот совет за одржлив туризам ги поставува и управува со глобалните стандарди за одржлив туризам, познати како критериуми за ГСТЦ. Разговорите се водеа во контекст на подготовка на Стратегија за одржлив развој на туризмот во Општина Охрид, а како воведни активности се за критериумите за дестинација на носители на јавната политика и дестинациски менаџери, критериуми за индустрија за хотели и тур-оператори, за водечки принципи и минимални барања кон кои треба да се стреми кој било туристички бизнис или дестинација со цел да ги заштитат и одржат природните и културните ресурси, а во исто време да се стимулира туризмот да ги задоволи своите потенцијали како алатка за зачувување и намалување на сиромаштијата.

Др. Михи Кан во Охрид престојува неколку дена со цел да ги запознае носителите на туристичкиот развој со стандардите за одржлив туризам и да помогне да се направи првична проценка на дестинацијата–Охрид каде директно ќе добиеме препораки за наредните чекори за аплицирање кон некоја марка за еколошка, економска или социјална одржливост на Охрид.

Со поддршка на двете програми, ИМЕ и СИППО, во периодот 16-17 мај 2018 ќе се одржи дводневна обука за одржлив туризам, наменета за претставниците на јавните институции и организации, приватниот сектор и други организации вклучени во процесот на управување со туристички дестинации во Македонија.

OhridNews