Незаборавен дочек на Новата година во Охрид најавуваат градските власти и угостителскиот еснаф.
-Изминативе години локалната самоуправа и здружението Богојавление успеаа да го афирмираат празникт Водици и надвор од главната туристичка сезона привлекоа голем број гости. Наша цел е таа иницијатива да се прошири и со новогодишните празници.-изјави градоначалникот Никола Бакрачески. Тој најави збогатување на програмата со настани кои ќе се случуваат на први и втори јануари, што треба да придонесе за збогатување на туристичката понуда на Охрид.
Идејатаја ја подржаа охридските угостители, кои сметаат дека со заеднички сили Охрид може да понуди повеќе и подобро.
-За секоја работа потребни се двајца. Ја поздравуваме идејата за соработка која ќе ни донесе повеќе гости. Добро е што има најави да соработуваме затоа што интересот од тоа е заеднички и на општината и на угостителите и на граѓаните и сметам дека на подолг рок ќе има резултати како што е случај со празникот Богојавление за што ни беа потребни десетина години.-рече Димитри Пендовски од еснафот на угостители и долгогодишен член на здружението Богојавление.
Програмата и другите детали околу дочекот на Новата година во Охрид, ќе ги утврдува Работна група за туризам и угостителство, формирана ноедамна со цел подобра организација и презентација на Охрид за новогодишните празници.
OhridNews