Со полагање свежо цвеќе пред споменикот во центарот на градот и пригодни свечености, Општина Охрид го одбележа Денот на Сесловенските браќа Кирил и Методиј.

Дарувајќи им знаење на своите ученици тие ја поставија основата за подигнување на Охридската книжевна школа којашто е етаблиран духовен центар со такви културолошки особености што до денес не успеал да ги стекне ниту еден друг универзитет. Верувајќи во тоа дека во Светот има безброј зборови и дека сите тие имаат свое значење браќата Кирил и Методиј го направија цивилизацискиот чекор за Европа описменувајќи ги словенските народи, просветлувајќи ги и вадејќи ги од мракот, зошто еднаш просветлен ум повеќе никогаш не може да биде мрачен. – истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

Чествувања имаше и во Домот на култура “Св. Кирил и Методиј” во населбата Кошишта, се одржа панихида, а настанот беше збогатен со пригодна културно уметничка програма.

Во рамки на чествувањата, градот Охрид додели пригодни подароци на успешни ученици од градот.

OhridNews