Ј.П.”Охридски Комуналец” денеска организира акција за подигање на кабаст отпад во населба “Билјанини Извори”, населба Долна Влашка Мала и населба Видобишта.
Истовремено ваква акција се организира и во Пештани.
Граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот кои имаат ваков отпад истиот претходно требаше да го пријават во јавното претпријатие и да го извадат на предвидените локации покрај пат за да може благовремено да се подигне.












