НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид пред почетокот и на оваа учебна година го збогати и осовремени книжниот фонд со лектирни изданија.

Старите и амортизирани книги заминуваат во депото на библиотеката а со новата набавка не само што е извршена нивна замена , туку и бројот на примероците е далеку поголем за повеќе ученици одеднаш да можат да го прочитаат бараниот наслов, соопштуваат од НУ Библиотека Григор Прличев.

Од новата понуда на старите, добри наслови се издвојуваат : „Злосторство и казна“ од Достоевски , „Декамерон“ од Бокачо, „Граванот“ од Е. А. По, „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, Избрани раскази од Чехов, „Страданијата на младиот Вертер“ од Гете како и македонските класици „Црно семе“ од Ташко Георгиески и „Парадоксот на Диоген“ од Томе Арсовски. Издавачи на овие книги се: Матица македонска, , Мисла и Македонска книга и Панили.

Годишната членарина за ученици е 200 а за возрасни 300 денари во градската библиотека, а работното време на пултот за издавање од понеделник до петок е од 8 и 30 до 18 и 30 часот, информираат од НУ Библиотека Григор Прличев.

 

OhridNews