Од денес стартуваат најавените две градски линии на најголемиот автопревозник АД „ Галеб“ кои ќе го поврзуваат централното градско подрачје со периферните делови од градот. Автобусите ќе сообраќаат од понеделник до сабота од 5.30 наутро до 22.30 часот по симболична цена од 20 денари и 600 денари за месечен билет.
Првата линија ги опфаќа: населбата „Гоце Делчев (Бараки), Стобекс – Видобишта, улица 7- ми Ноември, булевар Туристичка (Од зграда Печијаре до кружниот тек на пресекот со улица АСНОМ), Општа болница, Момчило Јорданоски.
На втората линија автобусите на „Галеб“ ќе сообраќаат од Меѓуградска автобуска станица, булевар Железничка, булевар Туристичка (Плаво бели згради), улица Јане Сандански (Гимназија), Питу Гули – автобуска станица, односно булевар Железничка.
– По барање на граѓаните од периферните делови, Охрид за прв пат добива општински линиски превоз кој за нас како фирма нема да биде економски оправдан, но се воведува поради општествената одговорност на фирмата , само за да им се излезе во пресрет на граѓаните. Превозот бесплатно ќе може да го користат и учениците како дополнување на посебниот ученички превоз , објаснува раководителот на секторот за патнички сообраќај при АД „Галеб“, Димитар Василевски.
Димитар Василевски
Василевски информира дека доколку има поголем интерес од страна на граѓаните, двете линии ќе функционираат и во недела.
Возниот ред на двете градски линии наскоро ќе биде објавен и на интеренет страната на АД „ Галеб“.
OhridNews