Се избира нов модел на канделабри со кои ќе бидат заменети постоечките на градскиот плоштад. Надлежните во локалната самоуправа размислуваат помеѓу трите понудени модели кои беа избрани како најпогодни во рамки на претходно распишаниот тендер за јавно осветлување.

По конечната одлука за избор на модел, ќе се изврши набавка на новите канделабри кои наскоро ќе бидат и поставени. Станува збор за автентични канделабри во стар охридски стил кои ќе бидат со две или три сијалици, објаснува Љупчо Танески од Фондот за комунален развој, сообраќај и улици при локалната самоуправа.

Намерата е подоцна да бидат набавени исти такви канделабри кои ќе бидат поставени и вдолж градскиот кеј. 

Т.К.