На репертоарот на Градскиот театар – Охрид, денеска е претставата „Граница“ во режија на Софија Ристевска. Автор на текстот е Венко Андоновски, еден од најзначајните современи македонски автори.

Ова дело ја обработува темата за влијанието на политиката во човечките животи и застрашувачкиот  степен до кој таа може да ги раководи истите. Граница е текст за борбата на индивидуата да се зачува правото на избор и правото на слободно изразување.

Претставата ја освои втората награда на интернационалниот светски познат театарски фестивал „Експонто“ во Љубљана, а одиграна е на многу значајни интернационални фестивали и тоа: „Сарајевска зима“ Сараево, „Јоаким Вујиќ“-Крагујевац, „Врача“-Бугарија, „Војдан Чернодрински“ Македонија, „Ристо Шишков“-Македонија итн, а гостувала и во престижното „Народно Позориште“ во Белград.

Улогите ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски,  Јоана Поповска и Борис Чоревски.

Претставата ќе биде одиграна во малата сала на Центарот за култура со почеток во 19 часот.

OhridNews