Екипите на ЈП „Градски гробишта“  континуирано продолжуваат со интензивното уредување на просторот на  градските гробишта.
Во рамки на активностите кои се извршуваат,  на самиот влез од муслиманскиот дел , засадени се 500  садници сезонско цвеќе.

– Покрај хортикултурното уредување на парцелите, поставени се 50 фундаменти на гробни места кои досега не биле поставени,се изведува и поплочување со бетонски плочки од сопствено производство, се поставуваат ивичњаци околу патеките и се врши темелно косење, метење и чистење на гробиштата и гробишната инфраструктура, информираат од јавното претпријатие.

Извршено е и уредување на депонијата од која се транспортирани повеќе од 300 камиони шут и ѓубре.

– Активностите околу одржувањето и уредувањето на градските гробишта  и во наредниот период ќе продолжат да се одвиваат со истата динамика, се со цел зачувување на средината и чистотата на гробиштата, велат од ЈП Градски гробишта.

Менаџментот на јавното претпријатие информира дека на вработените им е исплатена јунската плата, со што претпријатието повеќе не должи по основ на плати за вработените.

OhridNews