Одлуката за измени и дополнување на буџетот на Општина Охрид, е на дневен ред на 26-та седница на Советот, што ќе се одржи денеска.

Советниците ќе ја разгледаат и Предлог одлуката за изменување и дополнување на одлуката за извршувањена буџетот на општина Охрид за 2010 год, како и Предлог  одлуката за усвојување на   програмата за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на град Охрид , приградските и селските населби  во сезоната 2010/2011 год.

Советниците ќе расправаат и околу Предлог   решението  за избор на  претседател на  Комисијата  за одбележување празници и  манифестации и доделување награди и признанија.

OhridNews