Во централното градско подрачје, попладнево се вршат подготовки пред големиот верски празник Богојавление- Водици.
Под будното око на членовите на здружението „Богојавление“, екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ го украсуваат просторот долж улицата „Коста Абраш“, лизгалиштето на мраз, како и потегот околу околу градското пристаниште.
Според најавите, за празникот Богојавление – Водици во градот се очекуваат неколку илјади гости, кои ќе го проследат фрлањето на светиот крст во водите на езерото.
OhridNews