На градското пристаниште попладнево се вршат последните подготовки пред утрешниот голем празник Богојавление- Водици.

Под будното око на членовите на здружението „Богојавление“, се украсуваа бродовите и пристаништето,каде утре се очекуваат неколку илјади охриѓани и гости да го проследат фрлањето на светиот крст во водите на Охридското езеро.

Поставени се и дел од тезгите на кои ќе се дава топла ракија, како и шаторите на општинскиот Црвен крст во кои ќе се вршат прегледи на пријавените капачи.

На „свое“ место, кај старата библиотека, се наоѓа и големиот казан во кој на Денот на рибарите ќе се варат три тони рибина чорба.