Цртањето на графитите заврши пред самиот почеток на учебната година, а е дел од Проектот за бришење на несоодветни графити и шкртаници низ градот, кој се реализира по иницијатива на Ротаракт клубот од Охрид.
– Идејата ни е со убаво нацртани и осмислени графити да ги украсиме објектите низ централното градско подрачје, меѓу кои ќе бидат опфатени и неколку приватни куќи од чии сопственици веќе добивме согласност. Започнавме со фасадата на музичкото училиште, која претходно беше нагрдена со разни невкусни испишани графити и шкртаници. Се надеваме дека несовесните граѓани во иднина нема да ги уништат нашите графити од кои сите се воодушевуваат, вели претседателот на Ротаракт клубот, Драган Здравески.
Цртањето на фасадата на музичкото училиште започна на 17 август и во нејзината реализација учествуваа неколку млади уметници предводени од академскиот сликар Славчо Бачевски.
Директорката на музичкото училиште, Нина Момировска, објаснува дека до реализција на проектот за обновување на фасадата на објектот дошло по донесената одлука на Советот на родители, по што следела соработката и со членовите на Ротаракт клубот.
– Уредувањето на фасадата е дел од активностите кои се превземаат за средување како на внатрешниот, така и надворешниот простор, се со цел да се создадат подобри и попријатни услови во кои учениците ќе ја следат наставата, вели Момировска.
фото: Васко Бујаровски