Жители од стариот дел на Охрид информираат дека во последните неколку месеци низ Варош се забележани поголем број лисици, особено во погорниот дел од оваа населба.

Стравуваат дека доколку навремено не се преземат мерки од страна на надлежните може да дојде до нивно размножување, а ја потенцираат и опасноста од пренесување на заразни болести.

Надлежните советуваат граѓаните писмено да испратат барање за решавање на проблемот до локалната самуправа, одделението за ловство при министерството за земјоделство, до Агенцијата за храна и ветеринарство, СВР со цел да се изврши координација и се преземат соодветни активности за решавање на проблемот со лисиците.

Стручните лица објаснуваат дека до ваква појава доаѓа во периоди кога во шумските средини има недостаток од храна, па затоа се случува дивите животни  во потрага по храна да навлезат и во урбани средини.

Генерално, секоја лисица е самотник и живее на своја територија. Единствено во зима се здружува со друга лисица, додека во текот на летото самостојно се храни.

OhridNews