Граѓани се жалат дека низ административните општински лавиринти им биле изгубени доставени документи за легализација на бесправно изграден објект.
– Сите потребни документи за легализација ги поднесовме во Јануари 2012 , меѓу кои и Геодетски елаборат . Во Мај 2013, добивме Заклучок во кој стои дека се прекинува постапката по поднесеното барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од локално значење, поради тоа што предметот не е изложен. Од наша страна по втор пат беше поднесено барање на 31.05.2013 , поради тоа што не известија усмено дека го загубиле барањето.После 2 месеци на неколку наврати лично прашувавме во катастар за предметот, за потоа во Октомври да не известат усмено на шалтер дека сеуште не е изложено барањето. Не упатија кај правничката на предметот, која не препрати да прегледаме во главната книга да провериме на кој датум е поднесено второто барање каде добивме одговор дека присутната службеничка е од јули на тоа работно место и дека не може да ја најде потребната евиденција од мај и јуни, бидејќи на тоа работно место повеќе не е службеничката која претходно работела, стои во дописот од граѓаните.
Тие додаваат дека потоа повторно им било кажано, по трет пат да поднесат барање за тоа да се заведи во главната книга .
– По десетина дена добивме ново известување дека постапката се преќинува поради некомплетност на барањето, односно дека недостасува геодетски елаборат со имотен лист, објаснуваат во дописот граѓаните.
Од локалната самоуправа информираат дека до нив не стигнал допис кој укажува на наведениот проблем со цел соодветно да се преземат мерки за решавање на проблемот. Оттаму со апел до охриѓани, за секоја поплака да се обратат до надлежните служби и потенцираат дека тенденција на новата локална власт е ваквите прблеми да се сведат на минимум.
OhridNews