Во рамки на осмата по ред акција Засади ја својата иднина, низ Македонија денес ќе бидат засадени 5 милиони и 700.000 садници.

Во општина Охрид граѓаните ќе можат да се вклучат во акцијата садејќи дрвца во Долно Лакочереј.

За оваа намена два автобуси ќе поаѓаат од пред Електро- машинскиот училишен центар “Св. Наум Охридски”, угостителското училиште “Ванчо Питошески”,  гимназиијата “Св. Климент Охридски” и еден автобус од пред општинската зграда. Автобусите од овие локации ќе тргнат во 8 часот, а ќе ротираат на секои два часа.

Градоначалникот Александар Петрески во 10 часот ќе засади дрво во дворот од основното училиште Братство и единство, а потоа заедно со охридските советници ќе сади дрвца кај градскиот пазар.

Како што информираат од јавното претпријатие Охридски комуналец, нивни вработени садници ќе засадат во дворот на училиштата Св. Климент Охридски и Братство и единство.

Во општина Струга акцијата ќе се реализира во месноста викана Октишка краста.

OhridNews