Пресекот на улиците „Дејан“ и „Сирма“ Војвода, претставува една од најопасните крстосници во Охрид. 

Но повеќе од шест месеци, на овој потег недостасува знакот кој означува улица со првенство на поминување.Граѓаните на неколку наврати апелираа до надлежните да се постави соодветниот знак, бидејќи доколку нема соодветна сигнализација, возачите кои не се од Охрид нема да знаат кој има предност на оваа незгодна крстосница.

О.Т.