На овој потег, можат да се забележат искршени столови, превртени „гајби“ и различен цврст отпад, кој служи како обезбедување паркинг простор.
Граѓаните апелираат до инспекциските служби да излезат на терен и соодветно да реагираат на оваа негативна појава, со оглед на тоа во овој дел на градот, секојдневно поминуваат голем број туристи.
фото: М. Јузмески