Оние граѓани кои го изгубиле биометрискиот личен документ или воопшто го немаат, а е неопходен за гласањето, за истиот ќе можат да аплицираат во управните служби на МВР до 16:30 часот.

Граѓаните кои претходно аплицирале за лични документи, истите ќе можат да ги подигнат и утре од 7 до 19 часот, со исклучок на град Скопје, каде што во итна постапка ќе можат да аплицираат за документ.

OhridNews