Манчестер Сити со 2-0 го совлада Хул во воведниот натпревар од 30-та рунда од Премиер лигата. Победата за „граѓаните“ и трите бодови од овој дуел се огромни бидејќи од 10-та минута играа со фудбалер помалку.


Пет минути по исклучувањето на Винсент Компани, шпанскиот репрезетативец Давид Силва погоди за 1-0. Тој резултат беше активен до 90-та минута кога Един Џеко ја потврди победата за „граѓаните“.

Резултати : Хул – Мен Сити 0-2, Евертон – Кардиф 2-1, Фулам – Њукасл 1-0, С`тон – Норвич 4-2, Стоук – Вест Хем 3-1, Сандерленд – Кристал Палас, Свонси – ВБА 1-2, Астон Вила – Челси.

Мх.П.