Вицепрвакот во Премеир лигата, Манчестер Сити го започна трансфер лудилото. Богатите шеици не штедеа пари за доведување на Фернандињо и Хесус Навас за кои искешираа повеќе од 60 милиони евра.


Ова ќе биде само почеток на трансфер лудилото што ќе ја зафати Премиер лигата. Последниот збор на трансфер пазарот сеуште го нема кажано Челси, кој за менаџер го поставија Жозе Мурињо.

Со нов менаџер во наредната сезона ќе стартуваат Евертон и Манчестер Јунајтед од кои се очекува да доведат по некој фудбалер по вкус на новиот стратег.

Мх.П.