Црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата односно во тимот на Манчестер Сити.


Вицепрвакот во најсилната англиска лига испрати конкретна понуда од 26 милиони евра која беше експресно прифатена од челниците на Фиорентина.

Претходно интерес за Црногорецот покажаа „калчолигашите“ Милан и Јувентус, но Сити беше тимот, кој го зграпчи Јоветиќ.

Мх.П.