Македонија вчера го доби деветтиот состав на Собранието, со што се официјализираа мандатите на пратениците од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. Овие избори беа најавувани како клучни за излез од долгата политичка клима во земјата, чија разрешница сепак не се гледа во скора иднина. Потврда на ова е мислењето на граѓаните кои не се убедени дека изборите ќе ја решат кризата во земјата. На анкетата што измнинатиот период ја спроведе OhridNews за сопствени потреби големо мнозинство од нив се изјасниле негативно по ова прашање.

 
Граѓаните не се оптимисти дека политичката криза ќе биде надмината

OhridNews

Следно анкетно прашање: Дали состојбите во општеството ќе се променат на подобро во 2017 година?