Од јавното претпријатие „Нискоградба“ информираат дека нивни екипи секојдневно интервенираат на седум локации во Охрид, каде одводниот канализациски систем користи пумпи.
– Се интервенира на пумпите кај Потпеш и Канео, во Рача и во населбата Радојца Новиќиќ. Мора да се проверуваат секој ден за да не дојде до полнење со вода на шахтите каде се сместени или да не дојде до нивно прегорување, ако низ одводот поминат предмети или дург комунален отпад кој поединци го фрлаат во одводот. За таа цел се поставени и специјални решетки, на кои се таложи комуналниот отпад и нашите екипи редовно го собираат, вели директорот на ЈП „Нискоградба“, Сашо Донев.
Решетка е поставена и на шахтите кај новоизградениот Мал плоштад, каде се собира најголема количина отпад, пред се влажни марамчиња.
Од претпријатието повторно упатуваат апел до граѓаните да не фрлаат комунален отпад во одводниот систем , со што би се намалиле интервенциите на мрежата.
OhridNews