Мислењето на граѓаните за квалитетот на услугите кои ги добиваат од новите јавни претпријатија не е позитивно. Мнозинството од нив сметаат дека добиваат неквалитетни услуги од новоформираните јавни претпријатија.

На прашањето во онлајн анкетета што за свои потреби ја спроведе OhridNews: „Дали граѓаните добиваат поквалитетни услуги по поделбата на јавните претпсијатија?“ –  86 отсто од нив одговориле негативно, додека 14 проценти сметаат дека добиваат поквалитетни услуги.