Екипата на Манчестер Сити обезбеди пласман во финалето од Капитал Купот, кој е втор по ранг во англискиот фудбал.„Граѓаните“ и во реваншот успеаја да го совладаа Вест Хем 3-0 и со вкупни 9-1 се пласираа во големото финале.
Противник на Манчестер Сити во финалето ќе биде подобриот од дуелот Манчестер Јунајтед – Сандерленд. Првиот натпревар заврши во корист на „црните мачки“ 2-1.
Мх.П.