Граѓаните револтирано коментираат дека оваа законска обврска е големо оптоварување за нив, како од финансиски аспект, така и во однос на тоа што со денови треба да се шетаат по канцеларии земајќи ги потребните документи. Меѓу нив, задолжително е да се набави геодетски елаборат за кој треба да се платат околу 6. 000 денари. За да си ги сочуваат своето време и нерви, граѓаните со подлабок џеб се одлучуваат да ангажираат адвокат кој ќе ги обзебеди потребните документи за откуп на дворно земјиште.
Граѓаните до истекот на рокот можат само со лична карта да пополнат и поднесат барање, а потоа дополнително ќе можат да ја достават комплетната документација.
Министерството соопштува дека нема да се пролонгира рокот, но по истекување ќе се направат анализи и доколку има потреба ќе се разгледа и таа можност.