На еден ден до доделувањето на највисокото општинско признание, наградата Свети Климент Охридски – патронот на Охрид, не престануваат реакциите во јавноста. По политичките партии, институциите, добитниците и локалната самоуправа, се јави и невладниот сектор.

Малку познатата граѓанска иницијатива „Лапидариум“ денеска ќе одржи трибина на културните работници на Охрид на која ќе се дебатира за „Светиклиментовата награда“.

Трибината ќе се одржи во 17.30 часот во х. „Ривиера“.

OhridNews