Опозицијата од денеска го сели граѓанскиот парламент низ целата Република. Започнува со караван кој ќе помине во поголемите градови низ Републиката, каде секој работен ден ќе организира протестни маршеви и граѓански парламенти.

-Започнуваме во Прилеп од каде, граѓанскиот парламент се сели во Струмица, во четврток сме во Штип, а во петок во Охрид.-изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

Тој рече дека по одбивање од страна на ВМРО-ДПМНЕ на предложениот план за излегување од политичката криза,  здружената опозција ќе продолжи со отпорот.

– Во ситуација кога институциите во Република Македонија се киднапирани и окупирани од режимот на Груевски, граѓанската непослушност и уличната демократија се единствените инструменти кои ни преостануваат. Затоа лицемерните повици да се вратиме во Собранието од каде насилно не исфрлија, нема да не поколебаат и да не одвратат од намерата да им ја вратиме државата на граѓаните, а Уставот и законите повторно да станат основните начела на функционирање на државата. – истакна Георгиев.

OhridNews