Со доделувањето на наградите и признанија денеска во Охрид заврши 8-от Меѓународен Тв ЕКО фестивал.

Гран при наградата за најдобра Тв програма во износ од 500 евра, што ја обезбедува КОПЕАМ-Асоцијацијата на радиодифузни организации од Медитеранот, ја освои чешкиот филм „Необичен свет“, во продукција на Ком Факт.

Наградата за најдобро сценарио им припадна на Ричард Ермл и Вилиам Полтикович за филмот „Допирајќи го другиот свет“, додека наградата за најдобра  режија ја освоија Нел Ескудеро и Фраснциско Родригез за филмот „Сантјаго де Компостела“, на кои им припадна и наградата за најдобра камера.

Наградата за најдобра монтажа ја доби Радим Котесовец за филмот „Необичен свет“. Специјалната награда на Министерството за животна средина му припадна на филмот „Дивата Будимпешта“, додека специјалната награда на Министерството за култура ја поделија филмовите „Босански лонец“ и „Делото Негово и наше“.

Плакетата Македонска качунка ја однесе филмот „Граѓани во невоља“.

Целта на Фестивалот што традиционално го организира МРТВ во соработка со министерствата за животна средина и за култура и општина Охрид   е да ги афирмира досегашните искуства во заштитата на природното и културното богатство во Македонија и светот.