Филмот „Вода и оган“ на продукцијата „Осмоза“ од Македонија ја освои наградата  Гран При на десетиот ЕКО фестивал, што денеска заврши во Охрид.

Наградата за најдобро сценарио за освои Невенка Кљаиќ за филмот „Тивко Исчезнување“ на РТВ Војводина – Србија, додека наградата за најдобра режија му припадна на Јафар Ноурмохамеди  за филмот „Ловец“ на Тв Ириб – Иран. Јон Крисиудолу ја доби наградата за најдобра камера за филмот „Апусени во иднината“ на Тв Романија, а Јосеф Зафрани ја освои наградата за најдобра монтажа за филмот „Победа на дабарите“ на Тв Романија.

Годинава на ЕКО фестивалот во конкуренција беа прикажани 25 телевизиски филмови од областа на заштитата на животната средина од 12 држави. Фестивалот има за цел подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, а организатор веќе 10та година е  Македонската радио телевизија.

Ohridnews