На фестивалот „Фолк – филиграни 2015“, што се одржа изминатиот викенд, нашиот сограѓанин Петар Нечовски ја освои ГРАНД ПРИ наградата и беше аплосутен победник на фестивалот.
Насловот на победничката песна е “Менче мое дилберче”. Музиката и текстот ги напиша Петар Нечовски, а аранжманот е на Славко Ристевски. Песната е снимена во „Про саунд“ студио во Прилеп.
Ова е трето ГРАНД ПРИ во кариерата на Петар Нечовски, награда која се доделува со гласови од публика и на жири комисија.
OhridNews