До 1 Мај ќе биде одредена зоната на главниот плоштад во која угостителските објекти ќе можат да ги постават терасите, информираат од Комуналната инспекција, од каде најавуваат дека нема веќе да се толерира самоволието на кафанџиите.

Согласно Законот за такси, Совет на општина Охрид донесе одлука со која се утврди цена од 15,5 денари за метар квадратен по ден, надоместок кој сопствениците на угостителски објекти се обврзани да го уплаќаат на жиро сметката на општината, објаснува Танасоски.
Тој најави дека Комуналната инспекција доследно ќе ја спроведува одлуката на Советот и нема да дозволи никакви отстапувања.
Кафанџиите и оваа година беа побрзи од општината и ги распослаа терасите на главниот плоштад, не водејќи сметка колкав дел од јавната површината ќе завземат.
теснец на плоштадот
Г. Момироски












