Граничниот премин Дојрани во 21:00 часот е отворен за сообраќај, информира АМСМ.

Граничниот премин Евзони има генерален штрајк кој ќе трае 24 часа, почнувајќи од 00.00 на 01.06.2017. За време на штрајкот товарниот сообраќај при влез и излез во Грција е во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај функционира со повремени прекини (60 минути блокада, 15-тина минути пропуштање).

Со почеток од 07:00 часот на ден 01.06.2017 година започна штрајк и на граничниот премин Ники и ќе трае до 24.00 часот, а притоа пропуштаат само патници кои патуваат пешки, додека возилата не се пропуштаат во тој период.

OhridNews