“Сините“ од Лондон, в сабота ќе го бркаат првиот трофеј во второто финале во Лигата на Шампиони. Челси во првото финалето учествуваше во Москва 2008 година, кое го загуби од Манчестер Јунајтед по изведувањето на пеналите.


Тренерот на Челси, во финалето Аврам Грант кој на клупата го наследи португалецот Жозе Мурињо проговори за пенал рулетот, по кој се одлучи победникот.


– Џон Тери не беше на списокот за изведување на пеналите. На местото од капитенот, петти пенал требеша да шутира Калу, а четврти да бие Дрогба. Напаѓачот заработи црвен картон и се измена списокот. Тери се лизна и го промаши пеналот, додека Ван дер Сар му го “фати“ пеналот на Ањелка, и тоа значеше крај – потенцираше Аврам Грант.  


После поразот во финалето Аврам Грант заработи отказ од Челси, а негово место дојде италијанецот Карло Анчелоти.

Мх.П.