Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки приденешната посета на Националниот парк Пелистер, ги соопшти институциите кои добија грантови од проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ меѓу кои е и НП Галичица.
– Од овој проект очекуваме да помогне во препознавање на социјалните и економските придобивки што произлегуваат од заштитата и поодржливото управување со природните ресурси во заштитените подрачја, а истовремено да ги зголеми капацитетите на локалните самоуправи и граѓански организации за управување и промовирање на заштитените подрачја на професионален и одржлив начин, изјави инистерот Дураки.
Проектот е финансиран од Европската Унија, преку ИПА 2–Секторска оперативна програма за еколошка и климатска акција 2014-2020, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во тесна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Покрај проектот за Галичица развиени се уште 7 апликации за големи заштитени подрачја и тоа за Пелистер, Маврово, Дојранско Езеро, НП Преспанско Езеро и НП Езерани, исто како и за подрачјето Матка – Водно – Сарај, за заштитеното подрачје Јасен и за Охридско Езеро–Сатеска Река со предвидени износи од 200.000 до 400.000 евра.
OhridNews












