Во Јавниот повик, кој беше објавен деновиве, се вели дека сите заинтресирани Oпштини кои ќе сакаат да аплицираат за овие грантови, ќе треба да изготват проект за родова рамноправност и да го достават до УНДП, најдоцна до 11 јануари. Предложените проекти треба да бидат дел од Локалните акциски планови за родова рамноправност, додека нивното спроведување, треба да биде иновативно и со оддржливи резултати. Секој грант поддржан преку овој повик, не смее да ја надмине сумата од 3.000 американски долари, а поддржаните активности треба да се спроведат најдоцна до 15 април 2010 година.
Општините кои се заинтересирани да аплицираат на овој Повик, подетални информациии и упаства ќе може да добијат во Проектната канцеларија на УНДП во Скопје или да на веб страницата www.undp.org.mk.