Во рамки на националната акција „За почиста Македонија“, вчера вработените во јавното комунално претпријатие ја светнаа плажата на вливот од реката Грашница во населбата Воска. Оваа река која поминува низ повеќе градски населби со себе носи големи количини најразличен отпад кој се влива во Езерото или завршува на крајбрежјето. Оваа како да не ги вознемирува многу охриѓани кои навикнаа на лошата глетка. Од време на време со вакви и слични акции просторот ќе се исчисти, за набрзо потоа одново да биде затрупан со ѓубре. Впечаток е дека грдата слика нема да се промени доколку не се подигне свеста кај граѓаните за заштита на животната средина. Треба само малку волја, прашање е дали ја имаме.
Грашница уредена, но дали ќе издржи?
фото: Емилио