Фудбалската федерација на Македонија го избра Охрид како домаќин за “Грасрут“ настан, кој ќе се одржи на 24 мај в четврток со почеток од 11 часот.

– Одржувањето на “Грасрут“ настанот е потврда за добрата работа со Детската фудбалска лига во југозападниот регион. Од лигата го добиваме она што го имавме зацртано, а ФФМ не награди со еден ваков настан каде сите деца ќе се обединат – рече координаторот на Детската фудбалска лига, Наум Јанкуловски.

“Грасрут“ настанот ќе трае околу три часа покрај фудбалските вештини голем дел од времето ќе биде искористено за забава на сите дечиња.

Мх.П.