По одлуката на ФФМ на седницата во Охрид дека проширување во првата македонска фудбалска лига ќе нема, на засегнатите екипи му останува грчевито да се борат за опстанок во прволигашкото друштво.


Во таквиот расплет на околности најзагрозен е “македонскиот бисер“ Вардар кој е претпоследно пласиран на табелата и само со теоретски шанси да опстане во првата лига. На сеуште најтрофејниот македонски тим Вардар му преостануваат пет рунди до крајот и уште толку надеж дека ќе го дофати десеттото место на табелата кое води во бараж мечот со екипа од втората македонска фудбалска лига.  Синонимот на Битола, Пелистер е закован на дното и нема спас за “чкемабарите“ кои наредната сезона ќе играат во втората лига по квалитет.

Распоред Вардар Скопје Брегалница Тетекс Напредок
29.коло (г) Силекс (г) Тетекс
(д) Пелистер (д) Скопје (г) Шкендија
30.коло (д) Скопје (г) Вардар (г) Напредок (г) Ренова (д) Брегалница
31.коло (г) Тетекс (д) Пелистер (д) Х.Турново (д) Вардар (г) Силекс 
32.коло (г) Пелистер (г) Напредок (г) Работнички (г) Металург  (д) Скопје
33.коло (д) Напредок (д) Х.Турново (д) Ренова (д) Пелистер (г) Вардар

Борбата да се избегнат двете места кои водат во баражот ќе биде неприкосновена. Разликата помеѓу десеттото пласираниот Скопје и “сигурниот“ Напредок кој се наоѓа на седмата позиција е шест бодови.  “Пиратите“  веќе во следното 29-то коло ќе имаат сериозен тест на гостувањето во Тетово кај Тетекс и “горе долу“ ќе се знае дали Скопје прволигашката иднина ќе ја бара преку баражот.


Двобојот за шампионската титулата останува отворена, лидерот на табелата Шкендија има предност од пет бодови пред Металург.  Интересна битка престои за третото место кое води во Лигата на Европа помеѓу Ренова и Работнички. Во дербито на 29-та рудна токму овие две екипи ќе се сретнат и сами си кројат судбината за излез во Европа.

Мх.П.