Голем број на грчки фанови се отстраните од трибините на Австралија опен иако претходно добија предупредување од оргинизираторот и нивниот тенисер Стефанос Циципас дека не треба да се однесуваат како да се на фудбал.

Како и на секој Австралија Опен, фановите на балканските тенисери се однесуваат несвојствено за тениски мечеви, тие се гласни, навиваат како на фудбалски натпревари поради што од нив се жалат и останатите навивачи, но и тенисерите.

Овој пат во центарот на вниманието се грчките фанови. Тие беа гласни на мечот на Стефанос Циципас кој откако заврши ги потсети своите навивачи дека се на тенис, не се на фудбал и треба да го намалат тонот на навивање.

Знамето по кое организаторите заедно со обезбедувањето реагирале и отстраниле грчките навивачи.

Но Грците си продолжија по свое и на мечот меѓу нивната тенисерка Марија Сакари со Јапонката, Нао Хибино.

Полицијата на Викторија потврди дека исфрлила група меѓу 15-20 луѓе поради нивното недолично однесување.

  • Групата доби бројни предупредувања од судијата, обезбедувањето и полицијата за време на мечот на теренот 8, откако не се смирија беа исфрлени од гледалиштето. – стои во соопштението од австралиската полиција.

OhridNews