Неколку групи на грчки туристи деновиве престојуваат на охридската ривиера. Дел од нив во текот на вчерашниот изборен ден организирано ги посетуваа културните знаменитости во Охрид, шетаа низ охридската чаршија и кејот на езерото.

Охридските туристички работници велат дека освен грчките туристи, во текот на изминатата седмица во хотелите низ Охрид престојувале и неколку групи на туристи од Косово.

OhridNews