Грчките цариници го прекинаа штрајкот, по што патничкиот и товарниот сообраќај на граничните премини Дојран, Богородица и Меџитлија се нормализирани и се одвиваат без застои.

Од доцна синоќа грчките погранични власти повторно ги пропуштаат возилата на своите премини, каде претходно границата со Грција можеше да се мине само пеш.

Претходните најави на грчките цариници беа дека стапуваат во штрајк кој ќе трае се до 24 октомври.

Не е познато дали станува збор за целосен прекин на штрајкот и до кога ќе може граничните премини да се минуваат и со возила.

OhridNews