Судот во Стразбур врати повеќе од 8000 предмети за имотите на Македонците од Егејска Македонија во првостепените судови во Грција, пренесува „МИА“.

Според претседателот на здружениот „Македон“, Ташко Јованов, од Судот за човекови права во Стразбур добиена е насока да се бараат правата за одземените имоти во грчките судови.

Ако во наредните два до три месеци не добиеме позитивен одговор од судовите на Егејскиот дел на Македонија во Грција, одиме на втор степен, во судовите на Егејскиот дел на Македонија. Ако добиеме негативен одговор, ќе одиме директно во Стразбур.“ – истакна Јованов.

Тој смета доколку дојде до решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, предметите за имотно-правните односи поедноставно ќе се решат.

Инаку, во текот на вчерашниот ден се во Штип, се одржа панихида за паднатите борци од егзодусот во Егејска Македонија во соборниот храм „Свети Никола“.

OhridNews