.jpg)
-Не знаеме кој е сопственик на овој објект, мислам дека парцелата беше некој предмет на денационализација, но немаме разбрано дали таа се спроведе. Оваа слика ни пречи и апелираме до надлежните што побрзо да го решат овој проблем, вели охриѓанец кој живее во непосредна близина на руинираната куќа.
_1.jpg)
Инаку неодамна од Комуналниот инспекторат при Општина Охрид информираа дека имаат изготвено решенија за уривање на 37 руинирани објекти лоцирани низ населбите Варош, Месокастро и Кошишта и најавија дека пред почетокот на ова лето ќе организираат уште една акција за рушење на овие објекти, кои го нагрдуваат Охрид.












