Плажите по завршувањето на туристичката сезона останаа неуредени со расфрлан отпад по истите. Од  Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека до години бараат од Министерството за транспорт и врски да се изнајде заедничко решение  за одржување на плажите по целото крајбрежие кои не се дадени под концесија, но безуспешно.

– Зачудува фактот за целосна негрижа и неспроведување на договорите за концесија на поголем дел од правните субјекти на кои им се дадени плажи под концесија. Истите не се придржуваат кон предусловот сами да се грижат за хигиената на плажит, велат од „Комуналец“.


Од „Комуналец“ бараат Министерството за транспорт и врски, како и Комуналната инспекција да излезат на терен, да ја согледаат реалната ситуација и да им изречат соодветни казни на прекршителите. Оттаму најавуваат дека во соработка со локалната самоуправа идната недела ќе организираат акција за чистење на плажите на источниот крајбрежен појас на Охридското Езеро.

OhridNews