Грмушки, трева, големи количини на коров од исушени гранки и најразличен отпад, го нагрдуваат просторот до тротоарот, на улицата ,,Партизанска” во непосредна близина на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.


Граѓаните кои живеат во околината се жалат дека иако многу пати пријавувале до надлeжните, до сега никој не презел мерки за го исчисти овој простор. Тие објаснуваат  дека просторот е запуштен затоа што постои одреден спор околку сопственоста на земјиштето.

OhridNews