Пауза од 4 до 6 недели го оечкува дефанзивецот на Охрид, Ѓоко Гредоски кој на мечот со Влазерими во 75 минута се повреди и ја напушти играта. Дефанзивецот по судар со еден противнички играч, незгодно падна и ја скршил клучната коска.Веднаш тој беше префрлен во охридската болница за ортопедија Св Еразмо, каде беше извршен операциски зафат.
– Ѓоко се чувстува добро, пред него е едномесечна пауза по која повторно го очекуваме да се врати во тимот – вели стратегот на “рибарите“ Зоран Ѓорески – Џајо.
Гредоски во Охрид`04 дојде на стартот на новата сезона и тоа од тимот на Новаци.












