Грег Попович може да се повлече од тренерската функција во Сан Антонио по завршувањето на сезоната 2021/22, пишува инсајдерот на „Bleacher Report“ Џејк Фишер.
Седумдесет и двегодишниот кошаркарски стручњак треба да победи уште 26 натпревари за да го сруши рекордот на Дон Нелсон и да избие на врвот во историјата на НБА по бројот на победи како тренер.

Актуелниот помошник тренер на Бостон, Вил Харди се смета за најверојатен кандидат за наследник на Попович во случај на негово заминување. Поранешните играчи на Спарс, Тим Данкан и Ману Џинобили исто така, претендираат на тренерското место на тимот од Тексас.
OhridNews
Фото: МИА










