Споменикот на еден од најголемите охридски синови, поетот и преродбеник Григор Прличев е во многу лоша состојба. Патината одамна ја прекрил измет од птици и нечистотија, па споменикот изгледа ужасно лошо, недостоинствено за великиот Григор Прличев.
Во поново време во центарот на Охрид беа изградени подземни контејнери, но според дел од јавноста локацијата не е соодветно избрана и го деградира споменикот на Прличев.
Григор Прличев заслужува многу повеќе.
OhridNews














